Непочитување на предност е причина за малиот судар на два автомобили утрово на крстосницата помеѓу улиците „Партизанска“ и „Ванчо Николески“, кај некогашниот полигон за мали спортови. Едното возило било со скопски, а другото со охридски таблички.

Во незгодата нема повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

OhridNews