Сударот со својот соиграч во финишот на првото полувреме се покажа трагичен по животот на голманот Чоирул Худа кој почина во болница, пренесува англиски „Мирор“.
38-годишниот голман покрај сериозните повреди на вратот и главата останал при свест при во таква состојба бил префрлен во болница.
После неколку часовна борба во болница за неговиот живот докторите не успеала да го спасат и ги известиле во клубот дека легендарниот голман починал.
Натпреварот кој се емитувал во живо на индонезиската телевизија бил доигран, а победата и припаднала на екипата во која од 1999 година бил член Худа.
OhridNews