Португалскиот стратег Жозе Мурињо е пред враќање во тимот од Лондон. Но, многу работи ќе бидат јасни по дуелот со Тотенхем во Премиер лигата.

“Сините“ со победата над “петлите“ на Стемфорд Бриџ во 35-та рунда од најсилната англиска лига ќе обезбедат директен пласман во Лигата на Шампиони.

Ако мечот заврши без победник или пак Тотенхем победи тогаш сериозно ќе биде загрозена позицијата на Челси.

Мурињо до сопственикот на Челси, Роман Абрамовиќ достави барања меѓу кои е да екипата обезбеди пласман во Лигата на Шампиони. За тоа фудбалерите на Челси уште в среда можат го промовираат Мурињо за нов менаџер ако победат над Тотенхем секако.

Мх.П.