Десеткратниот освојувач на трофејот во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид одлучува за иднината на Серхио Рамос откако на адреса од клубот стигна официјална понуда од Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ за шпанскиот репрезентативец подготвија понуда од 30 милиони фунти, а кралскиот клуб се уште се нема официјално изјаснато за новонастаната ситуација со Рамос.
Самиот играч побарал од клубот трансфер во Манчестер Јунајтед и избегнал разговори за понуди од други клубови.
Со доведување на Серхио Рамос во одбраната на Олд Трафорд менаџерот Луис ван Гал ќе го разреши најголемиот проблем со кој се соочи минатата година.
До комплетирање на договорот останува само Реал Мадрид да ја прифати понудата и да ја официјализираат преселбата на Рамос во Премиер лигата.
Мх.П.