Без победник 1-1 заврши „шампионската“ пресметка на „Етихад“ меѓу Манчестер Сити и Челси во кој главна фигура беше Френк Лампард.
36-годишниот фудбалер погоди за реми на „граѓаните“ против својот поранешен тим во кој помина 13 незаборавни сезони. Тој очекувано не го прослави погодокот иако значеше бод за Манчестер Сити.
– Измешани ми се сите чувства. Кога истрчав на стадионот навивачите на Челси ми ги пеаја моите песни, а јас играв во друг дрес. Стварно неописливо чувство, не очекував дека токму против Челси ќе го постигнам првиот погодок за Сити – рече Лампард.
Пред почетокот на сезоната Лампард замина од „Стемфорд Бриџ“ како слободен играч, а замина во Америка во тимот на Њујорк, а во Сити стигна како позајмен.
Мх.П.