Судбината на спортските работници, фудбалерите и сите чинители може да биде многу биде сурова, бидејќи не се знае што ќе донесе новиот ден, сезона или квалификации.

Најдобро на своја кожа тоа го осети фудбалскиот стручњак Крис Колман, кој за неполна година се соочи со двете лица на спортот. По историскиот пласман на Велс прво на Европско првенство, а потоа и помеѓу најдобрите четири, Колман беше прогласен за херој. Година дена подоцна Колман доби отказ од селекцијата, откако репрезентација имаше неуспешни квалификации за Мундијалот во Русија.

Неговата турбелетна недела заврши со ангажман во Сандерленд, кој од сезонава се натпреварува во Чемпионшип дивизијата. Колман со „црните мачки“ потпиша две и пол годишен договор со ветување дека ќе вратат во Премиер лигата.

На Колман не му преостанува ништо друго освен со добри спомени од селекцијата на Велс да работи во Сандерленд, кој има серија од 20 мечеви без победа на домашен терен.

OhridNews