Браќата Марјан и Никола Ангелески од Охрид претрпеа порази на „Фајт најт 1“ борбите кои се одржаа во хрватскиот град Сплит.


Подобар од Никола беше Лука Томиќ кој со технички нокаут во првата рунда го совлада помладиот од браќата Ангелески.

Постариот, Марјан претрпе судиска непревда откако победата буквално му беше поклонета на Тони Чатипатовиќ.

Тој во првата рунда го сруши на земјата противникот, но во останатите две неправедно беше казнуван со одземање на бодови поради наводно држење по што го загуби мечот.


Учеството на овој турнир со меѓународен карактер е ново призание за работењето и залагањето на клубот „Фајт Мастер“ кој функционира успешно во Охрид.

Ohridnews