Македонските делители на фудбалската правда во Охрид на редовниот семинар пред стартот на сезоната , имаа можност теоретски да се запознаат со новите измени на правилата на игра како и новите инструкции на судискиот комитет на УЕФА.



-Некои посебни и драстични измени нема да има, најновите инстуркции од судискиот комимет на  Уефа се околу заоштрување на дисциплинските мерки, за заштита на играта и на самите играчи – рече Ангел Бунгорив, менаџерот на судиите.  

На неколку дневните предавања во Охрид тој на располагање ги имаше сите главни и помошни судии кои преку интерактивни предавање беа запознаени со сите новини.


Според Бунгуров судиите се покажале во добра форма на вообичаениот фитнес тест и очекува добро судење во текот на шампионатот кој започнува овој викенд со натпреварите од Првата лига.

М.П.