Сите заслуги во фудбалскиот свет одат на сметка од фудбалерите, но главниот судија Бруно Мариќ на мечот помеѓу Цибалија и Истра во Купот на Хрватска е херој, откако со брза и пред се смирена интервенција му го спаси животот на Звонимир Филиповиќ кој падна во бесознание како покосен на теренот.

Младиот фудбалер на средината од првиот дел при еден воздушен дуел со противнички фудбалер доби незгоден удар во главата. Од силината ударот Филиповиќ без свест падна на теренот, а судијата Мариќ кој беше најблиску веднаш и правилно реагираше.

– Среќа бев блиску до фудбалерот кој доби силен удар во главата. После падот на земја одма видов дека се гуши, во моментов помислив само да му го фатам јазикот и да не дозволам да се задави. Мораше да останам смирен во тие моменти иако да бидам искрен речиси и да ми го скина прстот, но тоа е малку важно со оглед дека сите заедно успеавме да спречиме трагедија. Кога ги отвори очите ме облеа голема доза на среќа, а тоа можеше да се види и на сите лица од фудбалерите. – рече судијата херој.

Истра ја победи Цибалија 3-2, но сите почести од дуелот одат за судијата Мариќ кој веднаш се најде на насловните страни од светските медиуми.

OhridNews