Дисциплинската комисија за судиите во Ла Лига го суспендираше Пау Норберт Девис две недели за пријателска блискост со играчите на Барселона за време на дуелот со Реал Мадрид.

Асистентот на Карлос Гомез имаше солидна оценка за судењето, но после прегледувањето на снимките забележан е неговиот близок однос кој не е дозволив за судиите на фудбалски терени.

Што се однесува до мечот, Барселона и Реал Мадрид ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1. Луис Суарез донесе водство за домаќините, а Серхио Рамос ги изедначи бројките на семафорот со гол во 90-та минута од натпреварот.

OhridNews