Судијата Тони Шапрон кој го удри фудбалерот на Нант, Диего Карлос ќе паузира во францускиот фудбал до донесување на финалната санкција од дисциплинската комисија.
Диего Карлос и Шапрон се судрија на средината од теренот во првата минута од судиското продолежение, а судијата кој падна намерно го удри фудбалерот по нозете.
Фудбалерот доби втор жолт картон, автоматски црвен за сударот, но Нант се жалеше и го пријави судијата за вербален напад, а дисциплинците ја прифатија жалбата и го суспендираа судијата на неодредено време.
Неверојатно, судија и фудбалер во клинч после судар на теренот (видео)
OhridNews