Еден од најдобрите судии на островот Марк Клатенбург откри шокотна вистина околу делењето на правдата во сезоната кога Лестер сензационално стигна до титулата во Премиер лигата.
Клатенбург ја делеше правдата на лондонското дерби помеѓу Челси – Тотенхем кој заврши без победник (2-2) и го промовираше Лестер во шампион.
– Да судев според сите правила Тотенхем натпреварот ќе го завршеше со осум или девет фудбалери и изговор за губењето на титулата ќе побараа во моето судење. Вака, јас ги оставив да играат „валкан“ фудбал и сами да се уништат, односно да ја загубат титулата. Тој ми е еден малкуте натпревари на кои судија сум тактизирал и сум судел надвор од правилата. – изјави Клатенбург.
Тој минатата сезона по своја волја заврши со судењето во Премиер лигата и се пресели во Саудиска Арабија каде го пренесува своето знаење. Клатенбург го достигна врвот во судењето кога го судеше финалето во Лигата на Шампиони помеѓу Реал и Атлетико Мадрид и Европското првенство помеѓу Португалија – Франција.
OhridNews