Денес тензично е на македонско-грчката граница, откако група мигранти се судри со македонската полиција по обидот да се прекачат преку оградата којашто е поставена на македонско-грчката граница, јавува Ројтерс. Македонската полиција употреби солзавец по што мигрантите почнаа да фрлаат со камења кон полицијата, а грчката полиција не се вмешува во судирите. Грчки полициски извор изјавил дека има тензија, но одбил дополнително да коментира.

Македонски извор кој барал да остане анонимен, изјавил дека поголема група го напуштила кампот Идомени во утринските часови и се упатиле кон оградата со цел да ја минат. „Тие фрлаа со камења врз македонската полиција. Полицијата одговори со созлавец“, изјавил.

До инцидентот дошло откако група од повеќе од 500 луѓе поверувала на гласините дека границата е отворена. Ројтерс наведува дека откако тоа било негирано од македонските полицајци повеќе од сто мигранти, меѓу кои и деца, се обиделе да се прекачат преку оградата.

Од грчката страна на гранциата во областа Идомени, се проценува дека во моментов има повеќе од 10.000 бегалци и мигранти кои останаа тами, откако кон средината на февраури земјите од ткн балканска бегалска рута, вклучително и Македонија, го следа примерот на земји од Европската унија и ги затворија границите.

OhridNews
извор Макфакс