
ВМРО-ДПМНЕ веќе трета недела организира блокирање на неколку крстосници во Скопје, а денеска беше првпат да блокира граничен премин. Партијата ова го прави во знак на револт поради притворањето на нивни пратеници, припадници на партиските тела и симпатизери, а поврзано со крвавите настани во Собранието на 27 април годинава.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за уште една злоупотреба на институциите во политички цели и обид насилно да се спречат протестите против политичкиот прогон кој според нив го прави хунтата на премиерот Зоран Заев.
OhridNews
извор: „Телма“











