Натпреварот од шеснаесеттина финалето во Лига Европа помеѓу Атлетик  Билбао и Спартак Москва, кој се одригра синоќа во Шпанија, мина во знак на големите инциденти, што се се случија пред почетокот на мечот. Околу 200 навивачи на рускиот клуб два часа пред почетокот на средбата започнале тепачка со домашните навивачи во која биле употребени тврди предмети и пиротехника. Во хаосот низ улиците на Билбао повредени се повеќе навивачи, а еден полицаец починал од срцев удар. 

Инаку натпреварот заврши со победа на Спартак од 1:2, но Атлетик Билбао оди во следната фаза со вкупен резултат од двата меча 4:3.

OhridNews