Делењето на кошаркарската правда на мечот од последното есенско кошаркарско коло помеѓу Пелистер – АМАК СП ќе биде дополнително разгледувано.

Ако се утврди дека судиската тројка Златевски-Диковски-Ивановски тенденциозно го водела натпреварот за очекување е нивна суспензија.

По завршувањето на натпреварот тренерот на охриѓани Игор Гацов упати серија забелешки како кон судиската организација така и кон челните луѓе на федерацијата.

поздрав по првата “пресметка“ со битолчани

И покрај големиот број на поплаки на екипите на судењето во досегашниот дел од кошаркаскиот шампионат, делителите на правдата во првата фаза не добиеле ниту една непреодна оценка (единица или двојка) кои би го натерале комесарот Томе Димишковски да изрече одредена суспензија за лошите судии

Како една од причините за ваквиот однос се споменува спрегата судии – делегати  и дека поради нивните пријателски односи речиси никогаш делителите на правдата не добиваат ниски оценки за своето судење.
 
Во овгодинешниот шампионат буџетот на екипите е можеби најголемиот од кога се игра мак-баскетот,  додека преседателот на КФМ  последната година ја оцена како година на кошарката во Македонија,  се чини дека само “луѓето во црно“ не одговорија на предизвикот .



се беше чисто во првиот натпревар,  дали беше така и во Битола ???

Во процедура е формирањето на стручна комисија која во вториот дел од сезоната ќе прави проверка на судењето на барање на клубовите. Првиот тест на комисијата ќе биде веднаш по празниците кога ќе треба да ја разгледува снимката од мечот помеѓу Пелистер и Амак-СП.

[email protected]