Со полагањето на физичките тестови на судиите од главната листа, започна судискиот семинар кој неколку денови ќе се одржува во Охрид.

По “главните“ денес физички норми ќе полагаат асистентите, додека в сабота ќе биде  спроведен испит за стекнување Републичка и Прва судиска категорија.


ОФС Охрид на главната листа е застапен со тројца судии, Маркоски Марјан, Шулески Стефчо и Ецкоски Марјан.

На помошната листа фигурира едниствено Тодоровски Жарко, додека го нема неговиот партнер Драге Неделкоски кој неодамна се пресели во Германија.

М.П.