Од 23 до 25 Јули Охрид ќе биде домаќин на летниот семинар за судии и асистенти од Првата и Втората Македонска Фудбалска лига.


На семинарот покрај редовните фитнес и теортски тестови комесарот за делегирање на судии Ангел Бунгуров ќе ги презентира измените на правилата на играта донесени од меѓународниот борд на ФИФА, како и издавање на инструкции за новата сезона.


Како посебен гостин предавач ќе биде инструкторот од Уефа, англичанецот Кејт Хакет .

Во новата сезона судиите ќе бидат поделени во две групи. Во едната ќе бидат арбитирите кои ќе ги водат мечевите во Првата, додека другата ќе ја сочинуваат судиите кои ќе ја делат фудбалската правда на натпреварите од Втората лига.

Ohridnews