Основниот суд во Струга ја отфрлил тужбата со која градоначалникот Села побарал времено стопирање на градежните работи на црквата Свети Димитрија во село Октиси, јавува „Алфа“.

Како што пренесува овој медиум, причината била ненавременото плаќање на таксата за тужба и времена мерка.

Претходно, градоначалникот Села преку тужбено барање побара времена мерка за стопирање на градежните работи со цел смирување на тензиите во селото околу изградбата на црквата „Св. Димитрија“ во селото Октиси.

Инаку, почетокот на изградбата на црквата ја проследија инциденти, а во случајот посредуваат градоначалникот на Струга Зијадин Села, митрополитот Дебарско – кичевски Тимотеј и струшкиот муфтија Салим Сулејмани за да се најде заеднички јазик.

OhridNews
извор: „Алфа“