Судската администрација денес на предупредувачки протест пред основниот Кривичен суд во Скопје заедно со Независниот синдикат на државната администрација на РМ во времетраење од еден час.

Претседателот на Здружението на судска администрација на РМ, Борче Мирчески, на денешната прес конференција во Охрид, вели протестот е поради тоа што со донесувањето на одлуката на Уставниот суд со која се одмрзнаа платите на фунцкионерите, платите на судската администрација останаа на многу ниско ниво и јазот помеѓу платите на судиите и платите на судската администрација се зголеми за повеќе од три пати.

Ова ниво никогаш не било вака и никогаш судската администрација немала толку ниски плати во споредба со судиите. Не е точно дека судската администрација добила 15% зголемување на платите, туку додатоците кои ги добиваа од 2019 година сега се прелеаа во плати, така што номиналниот износ е скоро ист, односно дури и понизок од 15%, некаде по нашите пресметки тоа е зголемување со тоа прелевање на додатоците некаде околу 12,5%. Од тие причини ние како Здружение на судска администрација одржавме состанок на ниво на подружници и управни одбори и дојдовме до заклучок дека треба да се преземат одредени дејства, вели Мирчески.

Потенцира дека била остварена средба со претседателот на Судскиот совет, односно со претседателот на Судскиот буџетски совет, каде им била ветена поддршка за остварување на нивните права и дека нивните барања се оправдани.

Од тие причини доставивме барање до Судскиот буџетски совет, кое беше составено од неколку точки, меѓу кои баравме поддршка во изгласување законски одредби кои ќе значат подробра плата за судската служба во иднина, а до донесувањето на тој закон кој е во работна група и се работи, судските службеници да можат да добиваат додатоци во висина не помала од 25%. Барањето беше ставено на дневен ред на Судскиот буџетски совет на 7 јуни на кој бил донесен заклучок дека нема средства во буџетот и дека неможе да биде прифатено барањето. Немањето средства дефинирано било како резултат дека по исплатени зголемените плати на судиите сега немало можност да се зголемат платите на судските административци. Од тие причини, стапивме во контакт со Независниот синдикат на државна администрација и резултатот е денешниот протест. Во четврток имаме средба со претставниците на УПОС со кои ќе бараме некои заеднички активности во насока на остварување на нашите барања, додава Мирчески.

Револтот, вели кај судската администрација е многу голем, а тоа ќе се покаже и на денешниот протест, но додава треба да бидат внимателни.

На штрајкот од пред неколку години на сите што учествуваа им беа скратени 40% од платите. Колку и да се мотивирани тоа има свое влијание, бидејќи судската служба не зема големи плати па и да им скратите 40% нема да има проблем. Тоа кратење се одрази врз нивниот живот.

Платите на 95% од судските службеници, додава Мирчески, се движат од 21.000 до 36.000 денари, а повисоки од оваа сума се раководните службеници и судските администратори. Платите, пак, на судиите се движи од 100.000 денари нагоре. Во државава има околу 2.200-2300 судски административци.

Н.С.Ј.