Петнаесеттата и шеснаесеттата вечер на „Summer comedy marathon 2025“ донесоа две извонредни шоуа со уште подобри трансформации на актерите од охридската стендап сцена.

„„Summer comedy marathon 2025“. Фото: А. Момироска I OhridNews

Шоуто Црн хумор во култниот Џез Инн кое експресно беше распродадено денови пред настанот, сосема ги оправда очекувањата. Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски, Зоран Донев и Јован Цветкоски приредија вечер со смели шеги и темен хумор што ја расплака публиката од смеа.

Исто место, иста екипа, друга димензија донесе синоќешното шоу Комеди џем. Овојпат Никола, Зоки, Братучед и Јовче ја употребија магијата на тајниот зачин – публиката која уживаше во шоуто полно со изненадувања.

Вечерва на сцената во Џез Инн е шоуто Секспирианс 2 во Џез Инн. Никола Тодороски, Зоран Донев, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Јован Цветкоски најавуваат побесрамно издание на најжешката комеди вечер во маратонoт. И ова шоу е целосно распродадено.

„Summer comedy marathon 2025“ продолжува со несмален интензитет се до 13 август кога на програмата е големото финале што ќе се случи на сцената Долни сарај каде ќе настапат едни од најдобрите стенд-ап комичари на Балканот, Никола Тодороски – Македонија и Срѓан Олман – Србија.

Карти и резервации за финалето на Summer comedy marathon на следниот ЛИНК.

Г.М.
Фото: А. Момироска