Според Министерот за образование и наука, Панче Кралев, во училиштата ширум земјава постојат услови за поголемо вклучување на технологијата во наставниот процес. „Со новите интерактивни табли, наставниците ќе создаваат содржини со кои ќе има дадат повеќе знаења на децата и подобро ќе ги подготват за во иднина.“ – истакна Кралев.
Инаку, оваа акција е дел од проектот „Компјутер за секој ученик“, во склоп на ресорното министерство. Меѓудругото, проектот предвидува интернет пристап како во училиштата, така и во студентските домови низ државава.