СУП клуб Охрид ќе го одбележи Денот на Охридско Езеро со уште една еколошка акција Супер Чистка и дружба на СУП утре во 11 часот.

Стартот на акцијата е од плажа Канео, од каде со СУП и кајак ќе се весла до плажа Лабино, Градска Плажа и Стар Град. Настанот е бесплатен, како и опремата и кратка обука за управување со СУП и кајак. Се што треба е да понесете е убава енергија, велат од СУП клубот.

Првиот ден на летото 21 јуни во 2000-та година беше прогласен за ден на Охридското Eзеро. Тогаш е потпишан меморандумот за заштита на езерото помеѓу Охрид, Струга и Поградец со цел подигање на свеста за поголема заштита на езерото како природно наследство од македонска и албанска страна.

OhridNews