Петнаесет гола на три натпревари виде публиката вечерва на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино.  Најнеизвесно беше на мечот помеѓу Чардак Велгошти и Гостилница Кај Мече на кој паднаа дури 6 гола.

Резултати понеделник, 11.08.2025

Мартиник мебел – Македонија 4:0
Гранит Х – Дооел Ноче 4:1
Чардак Велгошти – Гост. Кај Мече 3:3

Турнирот продолжува во вторник со три натпревари од групната фаза.

Распооред на натпревари вторник, 12.08.2025

20:00 Оровник Танче Мирчески – АД Галеб
21:00 Инекс Олгица Хотел и спа – Дејан Војвода
22:00 Аце Најдески – Мешеишта

Г.М.