Без победник (2-2) заврши првата од двете пресметки помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата во рамките од финалето на Копа Либертадорес. Гледачите на „Ла Бомбењера“ и ширум светот можат да бидат задоволни од Супер класико дербито кое блесна во сиот сјај.

Домашните фудбалери резултатот го отворија во 34-та минута со погодокот на Рамон Абила. Радоста во домашниот табор, траеше само две минути. Во 36-та Лукас Прато изедначи и ги донесе работите на „нула“. Пред крајот на првиот дел Бока ја врати предноста. Стрелец на водечкиот погодок беше Дарио Бенедетто. Ривер во второто полувреме ја презеде иницијативата и успеа да постигне изедначувачки погодок во 61-минута со помош на Карлос Роберто кој си ја затресе сопствената мрежа.

Одлуката за нов шампион во најквалитетното клупско натпреварување во Јужна Америка ќе падне на „Монументал“ стадионот.

OhridNews