Кошаркарите на Работнички се закитија со златен медал од супер купот на Македонија, откако со 89-83 го совладаа Фени Индустри на домашен терен во салата “Јасмин“.


Избраниците на Србиноски, ги предводеше брилијатниот Мираковски постигнувајќи 35 поени, довавајќи и осум асистенции. Тасоски беше голема помош за Мираковски уфрлувајќи 16 кошеви. Во поразениот Фени Индустри најпрецизен беше Очоколјиќ со 20 поени додека Николоски на своето конто запиша 16 поени.

Триумфот на Работнички ни навестува интересна сезона која ќе започне на 17-18 октомври.Претенденти за висок пласман се бранителот на трофејот Фени Индустри, “скопските“ МЗТ Скопје, Работнички а четворката ја комплетира Торус.

Мх.П.