Капитенот Кире Лазаров е најдобриот стрелец во историјата на европските шампионати. Лазаров на шесте одиграни меча постигна 61 гол со што го мина листата швеѓанецот Ловгрен.


Македонија е првата репрезентација воопшто, чиј ракометар е најдобар стрелец во историјата на европските и на светските првенства.

Лазаров пред три години постигна 92 гола на Светското првенство во Хрватска, што е најдобар скор во историјата на овие првенства.


М.П.