„Гладијаторите“ на отворањето на новата сезона во Супер лигата, во борбен и неизвесен натпревар одиграа нерешено со Алкалоид 24:24 (11:13). Охрид ја имаше победата во раце откако по ролер-костерот во второто полувреме, Иванковиќ на три секунди до крајот погоди за 23:24, но Алкалоид со звукот на сирената израмни на 24:24.
Охрид добро го отвори натпреварот и постојано беше во водство во првото полувреме. Алкалоид беше тој што бркаше резултат, час -1, час -2, но успеваше да остане во игра. Тасески во последните мигови од првиот дел од контра напад во недостиг на време биеше од голема далечина, но неговиот удар не заврши во мрежата па Охрид со предност 11:13 замина на одмор.
Во почетните минути од вториот дел Охрид ја одржуваше предноста се до 13:15 Тука гостите застанаа и цели десет минути Охрид не успеа да постигне гол. Алкалоид направи серија од 6:0 и поведе со четири разлика 19:15. Но четата на Борис Ројевиќ одби да се предаде. Во клучните моменти Блажески ја спушти ролетната а „Гладијаторите“ возратија со серија 0:3 и ја вратија неизвесноста во мечот.
До крајот се играше гол за гол. Охрид успеа да израмни, а во финишот и да поведе 23:22. Домаќинот израмни, а гостите со играч помалку по исклучувањето на Лиапис тргнаа во напад во завршната минута кој во гол го претвори Иванковиќ. Сепак Охрид не успеа да се одбрани во последните 3 секунди колку што останаа за домаќинот кој спаси бод со звукот на сирената.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Дарко Ѓукиќ со 5 гола, а на голот блескаше Бојан Блажески со 10 одбрани. На спротивната страна Борзаш постигна 6 гола.
Статистика РК Алкалоид: Кизиќ (6 одбрани), Иван Џонов, Тордарсон 4, Маркоски, Серафимов 3, Карасманакис 3, Стојковиќ 1, Ѓорѓиев, Галевски (3 одбрани), Велковски 5, Мартин Ивановски 2, Костески 3, Петковски, Д. Митев, Борзаш 6, Аларов 1.
Статистика ГРК Охрид: Чаневски (1 одбрана), Стрмљан 1, Ојлески 2, Иванковиќ 4, Кукуловски, Вејин 3, Ристески, Тасески 1, Моралес, Саврески 2, Јотиќ 3, Лиапис 1, Блажески (10 одбрани), Петриќ 2, Ѓукиќ 5, Ѓорѓески.
Во второто коло, Охрид во салата „Билјанини извори“ во Езерското дерби ја пречекува екипата на Струга.
Фото галерија:
Бод за ГРК Охрид во дерби натпреварот со Алкалоид во Скопје!
Г.М.
Фото: А. Момироска