Екипата на Охрид денеска во салата „Билјанини извори“ го пречекува водечкиот Алкалоид во дерби натпреварот од 4 коло од ракометниот плеј-оф.

Охрид по три кола има скор од две победи и еден пораз во минатото коло од шампионот Пелистер во финишот на мечот. Во моментов Охрид е на третото место на табелата, позиција која води во еврокуповите, цел што клубот ја зацрта пред почетокот на сезоната.

Натпреварот Охрид – Алкалоид почнува во 18:30 часот.

Г.М.