Црногорскиот голман Јагош Брауновиќ и хрватскиот ракометар Денис Тот се дел од идеалниот тим во шестата рунда од ракометната Супер лига, во изборот на специјализираната интернет страна „24ракомет.мк“. Двајцата ракометари имаа клучни улоги во триуфмот на Охрид (24-22) во дербито со Бутел Скопје во СРЦ „Билјанини Извори“.

Брауновиќ со серија одбрани во второто полувреме ја направи разликата на теренот, а Тот мечот го заврши како најефикасен ракометар во охридскиот состав со осум погодоци. За Брауновиќ и Тот ова е второ признание. Голманот во идеалниот тим се најде во втората рунда, додека десниот бек признание доби за претставата против Вардар Јуниор минатата рунда.

Покрај Охрид двајца свои претставници во идеалната постава има Металург, а по еден ракометар имаат Пролет, Вардар и Пелистер.

Тимот на колото:

Голман: Јагош Брауновиќ (Охрид)

Лево крило: Милан Поповиќ (Металург)

Лев бек: Стефан Талевски (Пелистер)

Среден бек: Мартин Карапалевски (Вардар)

Десен бек: Денис Тот (Охрид)

Десно крило: Мартин Попоски (Пролет)

Пивот: Милан Лазаревски (Металург)

OhridNews