Екипите на Еурофарм Работник и Охрид во петтата рунда ја продолжија својата победничка серија совладувајќи ги на гостински терен Бутел Скопје (23-18) односно Радовиш (28-22).

„Фармацевтите“ со петтиот триумф во низа се одлепија на врвот од табелата, додека охридските ракометари со четвртиот направија разлика на втората позиција во суперлигашкиот поредок.

Ракометниот клуб Охрид со  продолжувањето на серијата победи во македонската ракометна елита на маестрален начин го најави „Езерското“ дерби со Струга кое ќе се одигра во шестата рунда. Стружани, пак, немаа добар вовед, откако ремизираа со Прилеп на домашен терен 23-23.

Резултати: Бутел Скопје – Еурофарм Работник 18-23, Радовиш – Охрид 22-28, Струга – Прилеп 23-23, Вардар Јуниор – Пелистер 30-34, Борец – Пролет одложена

Табела: Еурофарм Работник 15, Охрид 12, Струга 10, Бутел Скопје 9, Пелистер 9, Вардар Јуниор 6, Прилеп 4, Пролет 3 (-1), Радовиш 3, Борец 0 (-1).

Двојки 6.коло: Еурофарм Работник – Прилеп, Пролет – Вардар Јуниор, Охрид – Струга, Пелистер – Радовиш, Бутел Скопје – Борец.

Фото: Гол.мк
OhridNews