Ракометарите на Охрид убедливо ја совладаа Струга 33:16 (17:8) во натпреварот од 2 коло од Супер лигата што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“.

Охрид ја оправда фаворитската улога на натпреварот кој од почеток до крај течеше во еден правец. Домаќинот наметна свое темпо и игра, а противникот не можеше да следи. Разликата постојано растеше за конечни +17.

Мате беше најефикасен во редовите на Охрид со 7 гола, Јошида имаше перфектен учинок 5/5.

Статистика ГРК Охрид: Стрмљан 1, Ојлески 3, Јагуриновски 3, Јошида 5, Иванковиќ, Кеита, Карапалевски 1, Тасески 2, Савревски, Мате 7, Лиапис 4, Зечевиќ 5, Ивановски, Ќосевски 2, Славиќ (8 одбрани), Ѓорѓески (2 одбрани).

Кај Струга Пајкоски, Танкоски и Даниел Георгиески постигнаа по 3 гола.

Во следното коло Охрид му гостува на Бутел.

Фото галерија:

Г.М.
Фото: А. Момироска