Ракометарите на Голден Арт КЛ7 се погрижија за големо изненадување на рестартот од сезоната во Супер лигата, совладувајќи го Пролет со 32-30, полувреме 14-14.

Младите момци на Голден Арт КЛ7 покажаа голема желба и квалитет во текот на целиот натпревар, а карактер кога Пролет од минус четири дојде на минус еден. „Сино-белите“ со мудра и паметна игра не дозволија да им избега големата победа од рацете.

Најпрецизен во составот на Голден Арт КЛ7 со Кристијан Симоновски со девет голови, а на мечот најефикасен заврши Ласко Андоновски од тимот на Пролет со 10 голови.

Во вториот натпревар од денешната програма Металург со 26-22 го совлада Работнички и забележа нова победа во Супер лигата.

OhridNews
Фото: Гол.мк