Херојот на Охрид во триумфот со Пролет во дерби средбата од Супер лигата, Јагош Брауновиќ и левиот бек Мартин Манасков се дел од тимот на колото, кој го одбира специјализираниот интернет портал за ракомет во нашата земја „24ракомет.мк“.

Брауновиќ имаше маестрална партија на голот во неделата бранејќи од седмерци, зицери и удари од далечина додека Манасков со шесте голови и неколкуте асистенции беше нерешлива енигма за одбраната на Пролет.

„Гладијаторите“ се едни од најконстатните ракометари во идеалниот тим на колото. Од првата рунда наваму идеалниот тим е незамислив без охридски ракометари.

Охрид после 10 одиграни мечеви во Супер лигата котира на втората позиција со само бод заостанување позади лидерот Металург.

OhridNews