Дебитантото во суперлигашкото друштво Голден Арт КЛ7 го запиша првиот бод на табелата, ремизирајќи 23-23 со Струга во четвртата рунда од ракометниот шампионат.

Школата која го носи името на легендарниот македонски ракометар Кирил Лазаров до бод стигнаа со погодок со звукот на сирената. Стрелец на погодокот беше Емилијан Ѓорговски.

Во текот на целиот натпревар се водеше жестока битка за секоја топка на теренот. Одбраните го имаа главниот збор, додека нападот не беше на ниво. Во финишот подобро се снајде составот на Струга, но младите ракометари од КЛ7 не се предаваа и награда за борбената игра стигна во финишот со голот за реми.

Во преостаниот меч од четвртата рунда РК Јуниор со 30-23 го совлада составот на Астраион. Охрид паузираше во четвртата рунда поради одложениот меч со Пролет.

„Гладијаторите“ во петтата рунда силите ќе ги одмерат со екипата на Струга, во популарното „Езерско“ дерби.

OhridNews