Екипата на Охрид претрпе висок пораз во натпреварот од 5-то коло од Супер лигата. Вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје Вардар убедливо славеше над Охрид 27:18, полувреме 14:6.

Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ одиграа лош натпревар. Охрид беше немоќен во одбраната, безидеен во нападот. На спротивната страна Вардар влезе силно во мечот, мотивирано и со многу енергија. Едноставно на теренот постоеше само една екипа. Составот предводен од Иван Чупиќ доминираше во сите 60 минути не давајќи му никакви шанси на противникот кој не успеа да пронајде своја игра.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Јошида со 4 гола, Славиќ на голот мечот го заврши 10 одбрани. Кај Вардар Абделхак и Љевар постигнаа по 5 гола.

Статистика ГРК Охрид: Славиќ (10 одбрани), Блажески (2 одбрани), Стрмљан, Ојлески, Јагуриновски 2, Јошида 4, Иванковиќ 2, Кеита 1, Карапалевски, Тасески, Савревски 2, Мате 3, Талески, Зечевиќ 2, Ѓукиќ 2.

Охрид денеска беше без Лиапис и Ивановски, а на почетокот од натпреварот се повреди Јагуриновски.

Фото галерија:

Во следното коло Охрид во „Билјанини извори“ го пречекува Алкалоид.

Г.М.
Фото: А. Момироска