Ракометарите на Охрид во возбудлив финиш загубија во Битола од шампионот Пелистер 31:27 (17:17) во натпревар од 3-то коло од плеј-офот.

Момент од мечот Пелистер – Охрид. Фото: Бобан Стојаноски/Охридњуз

„Гладијаторите“ до 51 минута беа повеќе од рамноправен противник, за што говори водството кое до тој момент го имаше Охрид кое во еден момент изнесуваше и +3. Но Пелистер во финишот имаше повеќе среќа и присебност и на крај успеа да извојува значајна победа во борбата за титулата.

Најефиксани во редовите на Охрид беа Ојлески и Јукиќ со 7, односно 6 гола.

Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓески, Ристески, Ојлески 7, Мацуока 2, Јукиќ 6, Дрогришки, Пелидија 1, Тасески, Шафранко 3, Кукоски, Крстевски 2, Орјоникидзе 1, Бојаниќ 1, Цирар 4.

На табелата по три плеј-оф кола води Алкалоид со 12 бода пред Пелистер со 11, Охрид 8, Тиквеш 7, Вардар 6, Пролет 3, Бутел 1, Струга 1.

Во следното коло, претстојниот викенд, ГРК Охрид на домашен терен го пречекува лидерот „Алкалоид“.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски