Ракометарите на Охрид и Бутел Скопје се верна сенка на Металург кој е лидер на табелата после пет одиграни натпревари во ракометната Супер лига.

„Металурзите“ со убедливи 43-27 го совлада Работнички во натпреварот кој еднаш беше одложен поради немање на лиценциран доктор на теренот. Во новиот термин, Работнички беше на ниво и го организираше натпреварот кој во целост го одбележа Металург.

Екипите на Охрид и Бутел Скопје во петтата рунда ги оправдаа фаворитски улоги против Вардар Јуниор односно Струга. „Гладијаторите“ потешко од очекувањата се справија со младите „вардарци“ кои има водство на полувремето. Охриѓани во вториот дел ги донесоа работите под контрола и забележаа заслужена победа 28-23. Бутел Скопје без поголеми проблеми славеше против Струга со 32-18.

Во последниот меч од петтата рунда, Пелистер и Пролет ги поделија бодовите ремизирајќи 23-23. Пролет имаше позитива констатно, но „зелено белите“ со еден добар и ефикасен финиш стигнаа до бод во пресметката пред своите гледачи.

Натпреварите во шестата рунда од Супер лигата започнуваат утре со средбата Металург – Струга. Составот на Охрид на домашен терен ќе ги одмери силите со Бутел Скопје. Супер дербито се игра в среда со почеток во 19 часот.

Резултати:

Пелистер – Пролет 23-23

Работнички – Металург 27-43

Радовиш – Металург 2 49-34

Вардар Јуниор – Охрид 23-28

Бутел Скопје – Струга 32-18

Табела: Металург 13, Охрид 12, Бутел Скопје 12, Пролет 11, Радовиш 9, Пелистер 5, Работнички 4, Вардар Јуниор 3, Струга 1, Металург 2

Двојки 6.рунда: Металург – Струга, Металург 2 – Вардар Јуниор, Пролет – Радовиш, Работнички – Пелистер, Охрид – Бутел Скопје

OhridNews