Ракометарите на Охрид забележаа висока победа 30:20 над Пролет во 11 коло од Супер лигата.
Натпреварот во првото полувреме беше речисиу израмнет, а „гладијаторите“ на одмор заминаа со два гола предност 13:11. Во вториот дел потполна доминација на Охрид. Водството на домаќинот постојано се зголемуваше за конечни 30:20.
Најефикасен во редовите на Охрид беше капитенот Ојлески кој мечот го заврши со 8 погодоци, а на голот блескаше Блажески со 20 успешни интервенции.
Статистика ГРК Охрид: Стрмљан 1, Ојлески 8, Јагуриноски 3, Иванковиќ 1, Кукуловски 2, Крсманчиќ 5, Шипинкоски, Ристески 1, Тасески 2, Реј, Савревски 3, Лиапис 1, Блажески, Бојаниќ 1, Петриќ 2, Пилиповиќ.
Во следното коло Охрид во среда на домашен терен ја пречекува екипата на Алкалоид.
Г.М.






























