Ракометарите на Охрид, викендов им се враќаат на обврските во Супер лигата. „Гладијаторите“, ги очекува дерби средба против водечката екипа на табелата Металург во осмата рунда од шампионатот.

Второпласираниот Охрид во пресметката со лидерот влегува со серија од шест победи, додека Металург исто така е во позитивна серија и нема пораз од стартот на сезоната во Супер лигата.

Меѓусебната пресметка в сабота во 18 часот во спортската сала во Автокоманда ќе биде тест за Охрид но и за Металург, кој во меѓувреме го промени тренерот.

Предводникот на Охрид, Раде Стојановиќ на располагање ќе ги има сите ракометари и сигурно ќе атакува на позитивен резултат на местото каде што ја почна тренерската кариера.

OhridNews