ГРК Охрид го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 33:20 во натпревар од 15 коло од Супер лигата, што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“.
Охрид доминираше во текот на целиот меч и постојано ја зголемуваше предноста за конечни +13. Голманите искомбинираа 14 одбрани, а во нападот најефикасни беа Ристески со 6, Петриќ и Ѓукиќ со по 5 гола.
Статистика ГРК Охрид: Блажески (4 одбрани), Пилиповиќ (10 одбрани), Стрмљан 1, Ојлески, Иванковиќ, Кукуловски 2, Крсманчиќ 3, Шипинкоски 2, Ристески 6, Тасески, Реј, Савревски 4, Лиапис 5, Петриќ 5, Ѓукиќ 5.
Во следното коло Охрид му гостува на Тиквеш во Кавадарци, по што дома го пречекува шампионот Е. Пелистер.
Г.М.
Фото: А. Момироска















































