Екипата на Струга мораше добро се испоти и да одигра без грешка во финишот за да ги запише првите бодови на табелата во Супер лигата. Стружани на домашен терен во салата „Нико Нестор“ со пресврт во второто полувреме го совладаа дебитантот Јуниор Кисела Вода 22-20 (7-10).

Составот на Струга не го отвори најдобро мечот со „јуниорите“ кои на крилата од добрата одбрана поведоа на стартот и на одмор заминаа со три погодоци предност (10-7). На стартот од вториот дел домашните ракометари со 3-0 серија стигнаа до егал, но не успеаја да го преземат водството. Во играта гол за гол до финишот подобро се снаоѓаше гостинскиот состав. Стружани со пеколен финиш во кој постигна 4 голови а примија само 1 го свртеа резултатот и забележа значаен триумф (22-20).

Тимот на Радовиш во победничка атмосфера ќе влезе во подготовките за дуелот со Охрид. Радовишани на домашен терен со 33-29 го совладаа Голден Арт КЛ7.

Мечевите од третата рунда во Супер лигата се играат во петок. Термините дополнително ќе бидат одредени.

Група А

Струга – Јуниор КВ 22-20

Радовиш – Голден Арт КЛ7 33-29

Пролет – Астраион 32-24

Група Б

Еурофарм Пелистер 2 – Работнички 35-23

Прилеп – Металург 21-28

Бутел Скопје – Младост Богданци 33-23

OhridNews
Фото: Архива