ГРК Охрид со пресврт во второто полувреме славеше на гостувањето во Скопје против Бутел 29:30 (14:13), во првото коло од плејофот во Супер лигата.

Јунак во победата на „Гладијаторите“ беше голманот Бобан Ристевски кој на 8 секунди пред крајот, при резултат 29:30, одбрани пенал на Николов, додека Ѓорѓевски мечот го заврши со 14 одбрани.

Најефикасен во редовите на Охрид беше крилото Ојлески со 7 гола, на спротивната страна Филип Николов постигна 8.

Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓевски (14 одбрани), Ристевски, Ојлески 7, Андоновски, Мацуока 1, Јукиќ 3, Стојлевски, Дрогришки 1, Тасески, Шафранко 2, Кукоски, Крстевски, Шешиќ 3, Орјоникидѕе 6, Бојаниќ 2, Цирар 5.

Во второто коло од плејофот, Охрид на домашен терен ја пречекува Струга.

Г.М.