Дербито на 6 коло од ракометниот плеј-оф се игра попладнево во салата „Билјанини извори“ во Охрид каде Охрид го пречекува Вардар.

ГРК Охрид е втор на табелата со 14 бода, а Вардар четврти со 12. Оттаму се очекува супер интересен и возбудлив натпревар во кој бодовите се императив за двете екипи.

Натпреварот Охрид – Вардар може да го следите на следниот линк:

Цел на Охрид сезонава е излез во Европа, а Вардар и покрај заостанувањето сака да се вмеша во трката за шампионската титула.

Лидер на табелата е Пелистер со 20 бода од 6 меча, Охрид и Вардар имаат натпревар помалку.

Г.М.