Ракометарите на Охрид го совладаа Бутел 33:28 (18:13) во натпревар од 8 коло од плеј-офот, што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“.

На голот на Охрид блескаше Ѓорѓески со 19 одбрани, во нападот Цирар постигна 6 гола, еден помалку Ојлески и Јукиќ.

Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓевски (19 одбрани), Ристевски, Ојлески 5, Мацуока, Јукиќ 5, Дрогришки, Пелидија 4, Шипинкоски, Тасески 2, Шафранко 3, Куковски, Крстевски, Шешиќ 2, Орјоникидзе 4, Бојаниќ 2, Цирар 6.

Со оваа победа Охрид се врати на третата позиција на табелата зад водечките Е. Пелистер и Вардар.

Во следното коло кое на програмата е веќе во сабота, ГРК Охрид и гостува на Струга.

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски