Ракометарите на Охрид дома ја совладаа екипата на Бутел од Скопје 31:26 во 6 коло од плејофот.
Мечот започна со 1 минута молк во чест на Љупчо Јаневски – ракометен делегат, кој почина по кратко боледување.
Првото полувреме не донесе добар ракомет. Домаќините тешко го наоѓаа патот до противничката мрежа, за што во голема мера придонесоа гостинските голмани Трајковски и Стојановски.
Бутел во повеќе наврати имаше водство, најмногу +2, но Охрид се консолидира во финишот и успеа да израмни на 16:16 на крајот од полувремето.
Во вториот дел на сцена стапи голманот на Охрид Бојан Блажески кој мечот го заврши со 14 одбрани. Охрид го презеде водството и не го испушти до самиот крај.
Најефикасен во редовите на ГРК Охрид беше Ќосевски со 9 гола, Кукуловски постигна 6, а Иванковиќ 5.
Статистика ГРК Охрид: Блажески (14/40 одбрани), Стрмљан 2, Јагуриновски, Иванковиќ 5, Кукуловски 6, Јасухира 4, Ристески, Тасески, Савревски 1, Лиапис 4, Бојаниќ, Ќосевски 9, Прибетиќ.
На Охрид во сабота му претстсои реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп со екипата на Целје која по првиот меч има минимална предност (27:26).
Фото галерија:
Охрид прописно се испоти со Бутел, но бодовите останаа во „Билјанини извори“
Г.М.


















































