Екипата на Вардар славеше во големото ракометно дерби над Еурофарм Пелистер во Битола 22:27, со што екипата предводена од Иван Чупиќ направи голем исчекор кон освојување на титулата.

Првото полувреме им припадна на домашните кои постојано беа во водство, но не успеаја резултатски да се одлепат. Во второто полувреме Вардар беше тој кој наметна игра и имаше подобра енергија. Откако го презедоа водството гостинските играчи ја зголемуваа разликата и заслужено стигнаа до вредна победа.

По 2 кола од плејофот,  Вардар е прв на табелата со 46 бода, пред Охрид и Е. Пелистер кои имаат по 40, следи Алкалоид со 36.

Во првенството следи пауза поради ЕХФ недела.

Г.М.