Екипите на Прилеп и Работнички ја продолжија трката за плејофот во Супер лигата откако извојуваа победи во 12-та рунда над Металург 2 (43-34) односно Радовиш (26-24).


Со трите бодови прилепчани и „романтичарите“ и се доближија на охридска екипа која љубоморно ја чува втората позиција на табелата.

Охриѓани на табелата имаат три бодови предност пред Прилеп и Работнички и натпревар помалку против водечкиот во Супер лигата, Металург кој ќе се одигра в четврток.

Резултати : Металург 2 – Прилеп 34-43, Радовиш – Работнички 24-26, Пелистер – Вардар, Борец – Пролет, Металург – Охрид.

Ohridnews