Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер 29:25 (13:11), во дерби натпреварот од 17 коло од Супер лигата.

Во извонредна атмосфера што ја создадоа навивачите на двете екипи, Охрид потполно го надигра Е. Пелистер и сосема заслужено стигна до двата бода.
Статистика ГРК Охрид: Пилиповиќ 12 одбрани), Стрмљан 2, Ојлески 4, Јагуриноски 3, Иванковиќ 1, Крсманчиќ 1, Тасески 2, Савревски 2, Лиапис 3, Петриќ 7, Ѓукиќ 4.
Кај Е. Пелистер Манасков постигна 8 гола, Атанасијевиќ 4.
Во следното коло, последно шред паузата, Охрид се среќава со Радовиш.
Г.М.
Фото: А. Момироска

















