Натпреварите и возбудувањата од пролетната полусезона во македонската ракометна Супер лига ќе продолжат во март месец.

До 20 март ќе се одиграат четирите преостанати натпревари од регуларниот дел, а на 24-25 март ќе започне борбата за титулата и опстанокот во елитата.

Ракометниот клуб Охрид трета година по ред ќе учествува во плејофот и ќе биде дел од елитата. Целите, како и во претходните две сезони се завршување на местата на табелата кои водат во Европа.

Покрај составот на Охрид пласман во плејофот изборија битолските екипи Пелистер и Еурофарм Работник и Тинекс Пролет, а директно таму се приклучуваат Металург и Вардар кој ја брани титулата.

Завршницата во Купот на Македонија ќе се одржи на 18-19 мај, а претходно ќе се одиграат четвртфиналните групи кои ќе дадат патниците на Ф4 турнирот.

OhridNews